Џонатан Дејвид/Juventus FC

ВИДЕО: Јувентус издоминира и „пукна петарда“ против Кремонезе

Јувентус вечерва против Кремонезе ја запиша најубедливата победа сезонава во Серија А.

„Старата дама“ уште во воведните минути јасно стави до знаење во кој правец ќе се движи натпреварот, откако за само три минути постигна два гола. Во 12. минута Бремер го отвори резултатот, а веќе во 15. минута Дејвид ја удвои предноста на домаќините.

Во 35. минута Јилдиз се најде во центарот на вниманието, најпрво не реализираше пенал, но одбиената топка ја смести во мрежата за водство од 3-0. Иако Кремонезе повремено се обидуваше да создаде закана и да одговори, Јувентус делуваше многу посигурно и поефикасно.

Веднаш на стартот од второто полувреме следуваше нов удар за гостите, кога Терачиано несреќно си постигна автогол за 4-0. Конечните 5-0 беа поставени во 64. минута, кога Мекени ја заокружи убедливата победа.

До крајот на мечот Јувентус создаде уште неколку изгледни шанси, но резултатот остана непроменет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот