ВИДЕО | Јогата помага во регулирање на хормоните: Позиција на зајак – за правилно функционирање на тироидната жлезда.

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Тироидната жлезда е најголемата ендокрина жлезда во човечкото тело и е одговорна за активноста на клетките во организмот. Се наоѓа во вратот под гркланот. Тироидните хормони влијаат на енергијата, размената на јаглехидрати и масти, циркулацијата на крвта, дигестивниот тракт, нервите, мускулите и психата.

Оваа жлезда е главниот регулатор во човечкото тело и од исклучително значење е да функционира добро. Јогата ни помага во тоа, особено позицијата на зајак .

Позицијата на зајак е одлична позиција да се подготвите за влегување во позицијата – стој на глава. Оваа позиција е наменета за луѓе кои имаат слаби мускули на вратот и рамената. Како јога – поза, покрај тоа што врши притисок врз тироидната жлезда и овозможува нејзино правилно функционирање, може да помогне и во борбата против депресија, несоница и затнат нос.

– Во оваа позиција влегуваме клекнувајќи на подот со дланките поставени на подлогата покрај колената.
– Тогаш го спуштаме челото кон килимот и ги фаќаме потпетиците со рацете.
– Ги креваме колковите и ги превртуваме челото додека не го допреме подот со скалпот.
– Ги туркаме колковите што е можно повисоко, а грбот што е можно подалеку од нозете.

Луѓето кои имале повреди на грбот, рамената и вратот треба да бидат претпазливи при изведување на оваа поза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот