ВИДЕО | Јелена Розга пее, Милан Мариќ ја гледа: Сите одушевени од снимката со српскиот актер
Актерот Милан Мариќ е еден од најинтересните ергени во Србија, но своите емотивни врски ги крие од „очите на јавноста“. Меѓутоа, згодниот Мариќ беше уловен на настапот на хрватската пејачка Јелена Розга и тоа многу блиску до неа.
Препорачано
Со оглед на тоа што е познато дека Милан сака дами кои се малку постари од него и бидејќи до пред неколку години беше во врска со 19 години постара жена, не е чудно што ја гледаше и слушаше Јелена Розга.
Ma ko se to loži na Rozgu ? pic.twitter.com/8MUNcGLDw8
— Nina Krunić (@nina_krunic) December 1, 2023
Милан (33) е снимен на настап на Јелен Розга (46) додека ја пее песната „Бижутерија“. Актерот застанал непосредно покрај бината и разговарал со член на тимот на Розга додека таа пеела.
Малку подоцна објавија од ПР тимот на Јелена со објаснување:
„Тоа беше синоќа, да, Јелена настапи на тој приватен настан, а Милан беше домаќин на програмата на компанијата што го направи настанот“, кратко напишаа.
Српскиот актер веќе ја освои јавноста покажувајќи ги сите нијанси на својата маестрална глума преку улогата на Тома Здравковиќ во најзборуваниот филм на Балканот во последно време „Тома“.
Почина Жарко Лаушевиќ, веста за смртта ја објави сопругата Анита
Интервју со Милан Мариќ, актерот од „Тома“: Човек сум кој му верува на животот
ФОТО | Јелена Розга доби предлог за брак: Објави фотографии облечена во фустан од 265 евра


