ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ во транс на концертот на Александра Пријовиќ: Танцува и скока во мини здолниште

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската музичка ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа го отвори првиот од трите концерти во салата „Чаир“ во Ниш, а веќе на самиот почеток одушеви повеќе од 7.000 луѓе.

Прија силно го започна концертот и веднаш ја крена публиката на нозе, меѓу кои и Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ беше одлично расположена, танцуваше со цела страст, а најмногу ја погоди песната „Легитимно“. На концертот дојде со две пријателки и цело време неуморно пееше и танцуваше, облечена во мини здолниште и маица.

Видеата со Јелена Ѓоковиќ можете да ги погледнете на овие два линка – ТУКА и ТУКА.

Таа по концертот излегла надвор, а обожавателите и приоѓалче да се фотографираат со неа.

Потоа, видно расположена и насмеана со другарките влегла во такси и од возилото ги поздравила присутните.

Да потсетиме, во септември, Александра Пријовиќ три дена по ред одржа големи концерти во белградската Арена, каде собра повеќе од 50.000 луѓе, пополнувајќи го секое место што беше во продажба за сите три датуми.

Снаата на Лепа Брена за првпат објави толку жешка фотка: Александра Пријовиќ се заврте со грб кон камерата! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот