ВИДЕО | Јанушев: Обвинителството доцни цела година со доставување информации за ПИ мерките

Игор Јанушев / Утрински брифинг
Игор Јанушев / Утрински брифинг

За поткрепа на прцесот на прибирање докази Обвинителството бара од судовите дозвола да примени посебни истражни мерки. Оваа постапка ја следи собраниската комисија за надзор на комуникациите чијшто претседател е Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.

Во последниот извештај се забележува задоцнување на доставата на податоци од Обвинитеството до Комисијата, која пак е должна да го извести претседателот на Собранието.

-Реформата на безбедносниот систем која наводно се спроведува е само козметичка шминка. Овојпат извештајот е доставен со задоцнување од „само“ осум месеци, оти претходниот доцнеше цела година. Комисијата постапува според извештајот преку забелешки. Самиот извештај е математички приказ за број на прислушувања, број на предмети и колку се спроведени до судот. Но, недостасува финансиски извештај. Во овој извештај има големо намалување на ПИМ мерките. Интересно е то никогаш не се користи мерката за контрола на компјутерските системи кои се клучни за економскиот криминал, вели Јанушев за Утрински брифинг.

Ако комисијата треба да поднесе извештај до парламентот кој ДИКАФ во Женева треба да достави извештај, проблем се задоцнетите податоци.

-Ние како комисија се соочуваме со големи проблеми. Ненавремено ги добивме безбедносните сертификати. Собранието сѐ уште нем ангажирано технички експерти така што без нив попусти се нашите надзори на неколкуте органи кои имаат овласувања да вршат прислушување и следење на комуникации, вели Јанушев.

Јанушев вели дека не функционира ни Советот за граѓански надзор откако проф. Гордан Калајџив си поднесе оставка. Тој додава дека во комисискиот извешај ќе нотира доцнење на информациите, дека недостасува финансискиот момент од прислушувањето како и податоци и објаснувања на ставките кои се нумерички наведени.

-Системот за надзор е покоплициран. Имаме ОТА и уште шест институции кои имаат право да го работат тоа. Обвинителството има обврска да стави во извештајот од кои институции користеле услуги, а ако не користеле треба да наведат зошто, а податоци за следење на комуникации има, вели Јанушев и додава дека финансиските трошоци Обвинителството треба однапред да ги планира.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот