ВИДЕО | Јанкуловски: Етичкиот кодекс на УКИМ не е репресивен, туку има одредби од превентивен и етички карактер

Нов етички кодекс на УКИМ беше споделен на јавна расправа на факултетите и научните институции кои можеа и дадоа свои видувања на нормите и кодексот се со цел збогатување на содржините на истиот, а во насока на добивање еден морално-правен кој го регулира однесувањето на наставниците, студентите и на вработените во админстрацијата, изјави во Утрински брифинг ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

Целта на Етичкиот кодекс на Универзитетот е зачувување на достоинството на професијата, зачувување на достоинството, угледот и интегритетот на личноста, како и зачувување на угледот и интегритетот на Универзитетот со сите негови едници. Овој Етички кодекс треба да ја обезбеди и потврди вистиноста на инфорамациите кои се изнесуваат во јавноста. Сите ние се залагаме за вистинито информирање, каде сите знаме дека е добро да се слушнат двете страни и не смееме да си дозволиме да се изнесуваат невистини во јавноста.

-Доколку внимателно се анализираат одредбите на Етичкиот кодекс може да заклучиме дека истиот не е репресивен, туку има одредби од превентивен и етички карактер. Со овој Кодекс се обидовме да ги регулираме сите можни повреди кои настануваат – плагијат, мито, корупција, сексуално вознемирување. Воопшто не се нарушува слободата на научната мисла и говор на наставниот кадар, туку едноставно се канализира во академскиот речник кој постои на УКИМ, вели Никола Јанкуловски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот