Јана Стојановска / Фото: Фејсбук/Јана Стојановска

ВИДЕО | Јана Стојановска изненади, актерката не ја знаеме во вакво издание

Актерката Јана Стојановска изненади со издание во какво што досега не сме ја виделе.

Таа на социјалните мрежи објави видео како ја пее песната „Чудна жена беше Вера“, која ја испеа Круме Спасовски. Актерката овој голем хит го пее со бендот „Скопје Виа“, во кој е вокал, а под видеото од веселата и разиграна Јана со музичарите пишува:

„Новиот проект на ‘Скопје Виа’. Следуваат нови видеа, песни и инструментални композиции. ‘Чудна жена беше Вера’, песна на маестро Хилми Бакиќ, дедото на нашиот маестро Баки, раководител и прв виолинист во чалгискиот оркестар во Македонската радио и телевизија“.

За проектот „Скопје Виа“ и за нејзиното пеење, Јана неодамна зборуваше во интервју за „Слободен печат“.

„Интересно е колку ме прави да се чувствувам жива и среќна кога се остварувам музички, без разлика дали е тоа на сцена или во некоја авторска, творечка ситуација. Имам огромна среќа што конечно сум опкружена со луѓе од музичкиот свет и можам да се развивам во овој, за мене, секогаш интригантен свет. Од мала пишувам текстови, поезија, пишувам и музика – до таму до кај што сум била вешта во музиката – и благодарна сум што ми се отвори ова поглавје во животот. Сите музички проекти засега ги работам со Мишел Трајковски, со многу доверба кон овој наш млад виртуоз. Заедно создадовме еден џипси-бенд, се вика ‘Скопје Виа’ и одговорно тврдам дека може да ‘плива’ рамо до рамо со најдобрите и најспретните мали оркестри од целиот свет. Со нас свири внукот на стариот Хилми Баки, кој беше шеф на чалгискиот народен оркестар во МРТ. Сериозни виртуози во бендот. Јас некогаш не можам да играм толку брзо колку што свират“, рече актерката.

Таа со љубов зборуваше и за другиот нивен проект „Винтиџ мун“, со музика од стариот Холивуд – Дорис Деј, Френк Синатра, Дин Мартин – како и дел од македонските евергрини, заедно со танчари и одлични музичари.

Разговор со актерката Јана Стојановска: Не глумев поради нарушеното здравје на син ми кој е роден во седмиот месец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот