ВИДЕО | Ја довикуваа, снимаа: Кети Пери ги игнорираше фановите во Дубровник

Фото: Profimedia/ Instagram

Кети Пери минатата недела прошета покрај Страдун со нејзиниот партнер Орландо Блум, а таму пристигнаа со Џеф Безос, неговата свршеница Лорен и уште неколку познати личности, со јахтата вредна околу 500 милиони евра, пренесуваат локалните медиуми.

Деновиве, на социјалниот медиум ТикТок се појави видео од пејачката Кети Пери, како шета низ Дубровник. Обожавателите го забележале дрштвото на светски познатите личности, меѓу кои била и пејачката, па веднаш ги извадиле мобилните телефони и почнале да фотографираат и снимаат.

Така на социјалните медиуми стана вирално видеото од пејачката, додека ги разгледувала знаменитостите.

„Еј, Кети“, извикал еден обожавател зад камерата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Пејачката го игнорирала и не го поздравила, а од видеото може да се забележи дека воопшто не била воодушевена од вниманието.

Сепак, корисниците на ТикТок, беа воодушевени од видеото и самата Кети Пери, па оставија многу коментари.

„Би умрел да ја сретнам“, „Замислете да ја видите Кети Пери во Дубровник“, „Беше со мене во авионот од Минхен за Дубровник“, беа дел од коментарите.

Инаку, славното друштво на Безос, најголем дел од времето го поминува на неговата јахта, но повремено одат на прошетка низ градот или ручаат во некој од луксузните ресторани на Јадранот.

Во продолжение погледнете го видеото:

@lubisbryanjohnc Have you seen Katy Perry in Dubrovnik just now? #katyperry #hollywood #katycats #katyperryfan #dubrovnik #croatia #tiktokeurope #summer #travel #katyperryroar #oldtown #actress #star #starstruck #fan ♬ original sound – Bryan John Lubis ✨

ФОТО | Џеф Безос не го тргна погледот од деколтето на својата сакана: Еве и зошто

„Бев под дејство на опијати“: Кети Пери и Орландо Блум одат на суд поради имот што го купиле од дементен ветеран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот