„Бев под дејство на опијати“: Кети Пери и Орландо Блум одат на суд поради имот што го купиле од дементен ветеран

Profimedia
Фото: Профимедиа

Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум се вмешани во тригодишна правна битка со 83-годишен ветеран за неговиот имот во Санта Барбара, вреден 15 милиони долари.

Како што открива „Дејли мејл“, Карл Весткот го потпишал договорот за продажба на имотот во јули 2020 година, но тврди дека во тој момент бил под дејство на опијати и лекови против болка по извршена операција на грбот. Кога ефектите од лековите исчезнале неколку дена подоцна, Весткот тврди дека сфатил што потпишал и сакал да го откаже договорот. Но, агентите на двојката не го прифатиле изговорот на Весткот и му се заканиле дека ќе го тужат ако тој не продолжи со продажбата на имотот со осум спални соби и единаесет бањи.

Три години подоцна, судењето е закажано за крајот на овој месец.

Весткот имал 80 години во моментот на продажбата, а боледува од Хантингтонова болест од 2015 година. За оние кои не знаат, тоа е прогресивна невродегенертивна генетска болест која влијае врз мускулната контракција и некои когнитивни функции. Еден од симптомите е и деменција.

Според жалбата на Весткот, до која дојде „Дејли мејл“, тој никогаш не го ставил имотот на продажба, а не ни разговарал со агент за пуштање на куќата од 863 квадратни метри на пазарот.

Весткот ја купил куќата во мај 2020 година и се преселил за само два месеци пред да се случи продажбата на Блум и Пери. Тој планирал да го направи имотот негова главна резиденција „до крајот на својот живот“.

Весткот беше пуштен од болница на 11 јули 2020 година, по тешка шестчасовна операција на грбот.

„Откако бил отпуштен од болницата, на г-дин Весткот му беа препишани најмалку два опијати во форма на таблети за ублажување на болката, кој ги земал онака како што му било препишано – неколку пати дневно. Комбинацијата од неговата возраст, слабост од состојбата на грбот и неодамнешната операција , а и опијатите кои ги земал неколку пати дневно, го направиле г-дин Весткот ментално болен“, се наведува во жалбата.

Три дена подоцна, на 14 јули, Берни Гудви, кој ги застапувал Кети Пери и Орландо Блум, му предал на Весткот писмена понуда, која изнесувала повеќе пари отколку што платил за куќата на 29 мај 2020 година. Следниот ден, Весткот го потпишал документот.

Неговите адвокати тврдат дека Весткот „не можел да ја разбере природата и последиците од неговите постапки“. Неколку дена подоцна, Весткот „повторно почнал да се чувствува ментално бистро“ и ја сфатил тежината на неговиот потпис на купопродажниот договор.

На 22 јули, Весткот му испратил мејл на Беркшир Хатавеј, заедничкиот застапник на продавачот и купувачот, во кој напишал дека не сака да го продаде својот имот и опишал дека бил под дејство на лекови против болки. Исто така, рекол дека е „во последните години од неговиот живот и дека не може да го продаде својот дом“. Но, нему му било кажано дека познатата двојка не сака да се откаже од купувањето на имотот и дека тој е должен да ја заврши продажбата.

Неговите адвокати тврдат дека договорот за продажба на неговата куќа е „неважечки“ поради менталната состојба на Весткот. Весткот нема да присуствува на судењето бидејќи болеста „тајно го онеспособила“. Семејството на Весткот сега се бори за имотот на нивниот татко вреден 15 милиони долари.

Весткот, инаку, е ветеран на 101-та воздушнодесантна дивизија на американската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот