ВИДЕО | Израелските сили го запленија бродот „Мадлин“, комуникацијата со активистите е прекината
Израелските војници денес го запленија бродот „Мадлин“ , кој тргна да ја пробие нехуманата блокада на Газа и да стигне до палестинската енклава, пркосејќи на поморската блокада наметната од Израел.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Рано наутро во понеделник, израелското Министерство за надворешни работи објави дека „познатиот“ брод е безбедно донесен до брегот на Израел.
All the passengers of the ‘selfie yacht’ are safe and unharmed. They were provided with sandwiches and water. The show is over. pic.twitter.com/tLZZYcspJO
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) June 9, 2025
„Се очекува луѓето на бродот да се вратат во своите матични земји“, се нагласува во соопштението.
„Додека Грета (Тунберг) и другите се обидоа да изведат медиумска провокација, со единствена цел да добијат публицитет – што вклучуваше помалку хуманитарна помош отколку што (може да се смести) во камион – повеќе од 1.200 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа од Израел во последните две недели, а покрај тоа, Хуманитарната фондација Газа (ГХФ) дистрибуираше речиси 11 милиони оброци директно до граѓаните на Газа“, се вели во соопштението издадено од израелското Министерство за надворешни работи.
SOS messages to follow#alleyesonMadleen pic.twitter.com/O02sv5c1jW
— Freedom Flotilla Coalition (@GazaFFlotilla) June 9, 2025
„Постојат начини да се достави (хуманитарна) помош во Појасот Газа – тие не вклучуваат „селфи“ на Инстаграм. Малата количина помош што беше на бродот и не ја потрошија „познатите личности“ ќе биде доставена во Газа преку вистински хуманитарни канали“, тврди министерството.
The Israeli Navy is currently communicating with the “selfie yacht”. Using an international civilian communication system, the Israeli Navy has instructed the “selfie yacht” to change its course due to its approach toward a restricted area. pic.twitter.com/KnSqWrsXU2
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) June 8, 2025
Невладината организација ФФЦ, која ја изнајмила едрилицата, објави преку Телеграм дека „комуникацијата со „Мадлин“ е изгубена. Израелската армија го запленила бродот“, додавајќи дека патниците биле „киднапирани од израелските сили“.
„Мадлин“ исплови од Сицилија на 1 јуни со цел да ја пробие израелската „морска блокада“ на Газа и да достави симболична количина хуманитарна помош на палестинската енклава. Неговата последна позиција беше на околу 31 наутички милји од Појасот Газа.
Претходно, француската европратеничка Рима Хасан, родена во Палестина, која беше на бродот со активисти – меѓу кои и Грета Тунберг од Шведска и Тијаго Авила од Бразил – објави преку својот профил на платформата Икс дека пет израелски моторни чамци се приближиле до бродот „Мадлин“ .
По запленувањето на бродот „Мадлин“, видеа од пораки од патниците почнаа да се објавуваат на социјалните мрежи. Се чини дека овие пораки се снимени пред вечерашните акции.
„Ако го гледате ова видео, бевме нападнати од израелските сили и киднапирани“, се вели во пораките од активистите, кои ги наведуваат своите имиња и бараат итна помош од своите земји. „Се викам Грета Тунберг и јас сум од Шведска“, вели Тунберг во видеото снимено на бродот Мадлин.
„Ако го гледате ова видео, бевме пресретнати и киднапирани во меѓународни води од страна на израелските окупаторски сили или силите што го поддржуваат Израел“, додава таа, продолжувајќи: „Ги повикувам сите мои пријатели, семејство и другари да извршат притисок врз шведската влада да ме ослободи мене и другите што е можно поскоро“.
View this post on Instagram
Вчера, во недела, израелскиот министер за одбрана Израел Кац им нареди на вооружените сили да не дозволат бродот со симболична количина хуманитарна помош да ја пробие поморската блокада и да стигне до Газа.
„Им наложив на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да дејствуваат за да го спречат „Мадлин“ да стигне до Газа “, рече тој во соопштението. „На антисемитката Грета и нејзините пријатели, кои шират пропаганда на Хамас, јасно им велам: Подобро вратете се назад, бидејќи нема да стигнете до Газа.“
Израелските медиуми објавија дека армијата планирала да ја пресретне едрилицата пред да стигне во Газа, да ја придружи до пристаништето Ашдод, а потоа да го започне процесот на депортација на патниците.
Израел: Војската доби наредба да го запре бродот на Грета Тунберг и другите активисти кон Газа


