ВИДЕО: Изненадување на УС Опен, „новиот Надал“ го елиминираше Стефанос Циципас

Шпанецот Алкараз го оствари најголемиот успех на грен слем турнирите/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Шпанскиот тенисер, Карлос Алказар, го приреди најголемиот шок во Њујорк, откако со 3:2 во сетови го совлада еден од фаворитите за титулата на грен слем турнирот, Стефанос Циципас од Грција.

Еден возбудлив меч на „УС Опен“ донесе големо изненадување, 18-годишниот Алказар со резултат 6:3, 4:6, 7:6 (2), 0:6, 7:6 (5) го елиминираше третиот носител на турнирот.

Негов противник во осминафиналето ќе биде германскиот натпреварувач Питер Гојевчук. За четвртфинале ќе играат Ботик Ван Де Зандшулп од Холандија и Диего Себастијан Шварцман (Аргентина).

Елиминација доживеа и петтиот носител Андреј Рубљов, Русинот е поразен од Американецот Френсис Тијафо со 6:4, 3:6, 6:7 (6), 6:4, 1:6.

Ривал на Тијафо во следната фаза ќе биде Канаѓанецот Феликс Ожер-Алијасим кој со 6:3, 6:4, 4:6, 3:6 и 6:3 беше подобар од Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.

Останатите осминафинални мечеви ќе ги дознаеме по дуелите Ѓоковиќ – Нишикори, Карацев – Бруксбај, Сепи – Оте и Ивашка – Беретини.

И во женска конкуренција се познати четири осминафинални парови: Мертенс – Сабаленка, Крејчикова – Мугуруза, Кербер – Фернандез и Свитолина – Халеп. 16 носителка Анѓелик Кербер од Германија со пресврт 2:1 триумфираше против Слоан Стивенс од САД, 5:7, 6:2 и 6:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот