ВИДЕО | Изненадување на Евровизија! Кејт Мидлтон свирејќи на клавир настапи во финалето со украинскиот „Калуш оркестра“

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Eurovision Song Contest

Синоќешната финална вечер на Евровизија ја отвори програмата „Гласови на новата генерација“ (Voices of a New Generation), при што ја слушнавме минатогодишната победничка песна „Stefania“, како и новиот сингл на украинскиот бенд „Калуш оркестра“ – „Changes“.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон учествуваше во воведната секвенца на долгоочекуваното финале на Евровизија и ја воодушеви јавноста со своето појавување. За големото финале, принцезата од Велс им се придружи на мноштвото изведувачи за воведниот дел.

Во него се појавуваат минатогодишните шампиони, украинскиот бенд „Калуш оркестра“, кои ја изведуваат својата победничка песна „Stefania“ од метро станицата Плоштад на независноста во срцето на Киев, Украина.

На групата ѝ се придружуваат голем број британски икони, вклучувајќи ги принцезата Кејт, Ендрју Лојд Вебер, Сем Рајдер, госпоѓа Бенкс, Балет Блек, Болт Стрингс и Џос Стоун.

Придонесот на принцезата вклучувала кратка, инструментална изведба на пијано, создадена од Џо Прајс и Којо Семјуел, а снимена претходно овој месец. Нејзиниот краток сегмент е снимен во замокот Виндзор.

Кејт изгледа прекрасно во кралско сина тоалета со едно откриено рамо додека свири на пијано. Принцезата во оваа прилика уште еднаш на светот му покажа зошто е достојна за кралското семејство, како и дека е подготвена да се снајде во секоја прилика.

Не е првпат Кејт да свири клавир на јавен настан – во декември 2021 година, таа учествуваше на божиќен концерт и го придружуваше пејачот Том Вокер на клавир во песната „For Those Who Can’t Be Here“ посветена на оние кои починале од ковид.


Сопругата на принцот Вилијам свири клавир уште од детството.

Кејт Мидлтон ја воодушеви јавноста свирејќи на клавир и на тој начин покажа дека е жена која е способна за сѐ. Јавноста е воодушевена од нејзината постапка, а се чини дека овој потег ѝ донесе уште еден плус.

ФОТО+ВИДЕО | Шведска е победник на Евровизија 2023: Лорин ја однесе победата по вторпат

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот