ВИДЕО | Излезе првиот трејлер за „Spencer“: Долгоочекувана драма за животот на принцезата Дијана

кристен стјуард
Фото: Profimedia

Откако беше објавен официјалниот постер, пристигна првиот трејлер за „Spencer“, долгоочекувана драма за Дијана, принцезата од Велс, и беше претставен неколку дена пред премиерата на Филмскиот фестивал во Венеција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Screen Thrill (@screenthrill)

Филмот, во кој Кристен Стујарт ја портретира принцезата Дијана, го прикажува викендот во текот на божиќниот период во Сандрингам, кога Дијана одлучи да го прекине нејзиниот брак со Чарлс. Режисер на филмот е Пабло Лоран, кој потекнува од Чиле, чиј филм „Џеки“ претходно ја доведе Натали Портман до номинација за „Оскар“ за најдобра актерка.

Тешко е да не се чувствуваш заштитнички кон неа. Таа беше толку млада. Перспективата на сите е различна и не постои начин сите работи да излезат како што треба, изјавила Стујарт во 2020 година.

Стујарт се смета за потенцијален добитник на престижни награди оваа година, заедно со Лејди Гага за улогата во филмот „Куќата на Гучи“ и Никол Кидман за „Да се биде Рикардос“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Art Of Costume (@theartofcostume)


Филмот премиерно ќе биде прикажан на фестивалот во Венеција заедно со „Моќта на кучето“ и „Изгубената ќерка“. Премиерата на филмот во киносалите е закажана за ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот