ВИДЕО | „Изгледа сосема поинаку“: Бехати Принслу речиси непрепознатлива на модната ревија на „Викторијас сикрет“
Обожавателите на брендот „Викторија сикрет“ останаа изненадени од изгледот на една од најпознатите „ангели“ – Бехати Принслу, која во средата се појави на модната ревија во, како што велат многумина, речиси непрепознатливо издание.
Препорачано
Манекенката, која за првпат настапи за „Викторија сикрет“ во 2007 година, се подготвувала зад сцената заедно со останатите модели, одговарајќи на кратки прашања, пренесуваат странските медиуми.
Во разговор за новинарите, 37-годишната манекенка откри дека постојано го слуша новиот албум на својот сопруг Адам Левин, фронтмен на групата „Марун 5“. Таа носеше розово-бел пругаст фустан кога се подготвуваше за гламурозниот настан.
Корисниците на социјалните мрежи брзо ги преплавија коментарите со свои впечатоци.
„Изгледа толку поинаку“, напишал еден обожавател, додека друг додал: „Никогаш не сум ја видел со толку темен тен“. Многумина се согласија дека едвај ја препознале.
Некои се запрашаа и дали направила естетски зафати: „Дали имала затегнување на очните капаци? Без осуда, но изгледа различно“.

Принслу за првпат настапи за „Викторија сикрет“ во 2007 година, а две години подоцна стана „ангел“ на брендот. Намибиската манекенка досега чекореше по пистата вкупно 12 пати, вклучувајќи ја и оваа последна ревија. Таа ги отвораше ревиите во 2014 и 2015 година.
По пауза од три години, Принслу се врати во 2018, а повторно и во 2024 година.


