ВИДЕО: Ирец заразен со ковид починал откако антиваксер го убедил да ја напушти болницата

Ирец заболен од ковид бил убеден да ја напушти болницата, починал по неколку дена/ Фото Facebook Screenshot

Ирец кој бил хоспитализиран поради ковид-19, починал откако антиваксер го убедил да ја напушти болницата, пренесува Инсајдер.  

Џо МекАрон (67), поранешен радио диџеј, починал само неколку дена откако ја напуштил болницата на повик на антиваксерот Антонио Муреду. Неколку дена пред да почине, итно бил вратен во болница, но било предоцна. Тој починал на 24-ти септември, а бил погребан два дена подоцна.  

Убедувањето на МекАрон да ја напушти болницата е снимено, а снимката се прошири на социјалните мрежи. 

Снимката се прошири на социјалните мрежи на 14-ти септември и покажува како МекАрон тешко дише додека Муреду го убедува да ја напушти универзитетската болница Летеркени.  

„Џо, ако останеш тука, ќе те убијат. Облечи ги панталоните, оди дома, на безбедно си. Следи ме и остани зад мене, никој нема да те допре”, му вели Муреду на пациентот.  

На снимката се гледаат и лекари кои му приоѓаат на МекАрон за да се обидат да го убедат да остане во болница: „Едвај дишеш. Сакаме да останеш да ти помогнеме. Она што тој (Муреду) го вели е многу опасно. Она што го вели е погрешно и многу опасно, тоа го загрозува вашиот живот”, му вели докторот на МекАрон.  

Лекарите се обиделе да го вратат, но безуспешно  

„Имаш сериозна болест и, нема да те лажам, може да умреш. Но, твоите најдобри шанси се во болница, можеш да добиеш кислород и сета помош тука”, му рекол докторот, но безуспешно.  

Муреду инсистирал дека медицинскиот персонал лаже и му рекол: „Подобро за него да умре во куќата отколку тука”.  

Семејството на МекАрон го осуди потегот на „таканаречените пријатели на Џо“, а случајот го истражува полицијата. 

Видео на денот