Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

ВИДЕО | Иранскиот врховен лидер објави снимка од „атентатот на Трамп“

На веб-страницата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи е прикажано анимирано видео на кое се гледа роботизирано возило чија цел за атентат е поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишува Индепендент.

Анимираното видео е направено по повод атентатот извршен на 3 јануари 2020 година врз иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад.

На видеото, објавено вчера на веб-страницата на канцеларијата на Хамнеи, се гледа како Трамп е погоден од ирански дрон на теренот за голф во неговиот дом во Мар-а-Лаго, на Флорида.

На видеото е прикажан минатогодишниот пропаганден плакат, на кој исто така се гледа Трамп на терен за голф, повикувајќи на одмазда за убиството на Сулејмани.

Претходно овој месец, иранскиот претседател Ебрахим Раиси побара Трамп да биде „прогонет и убиен”.

Генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад во Ирак, е вториот најмоќен човек во Иран, веднаш по ајатолахот Али Хамнеи.

Сулејмани се сметаше за креатор на големите ирански амбиции на Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот