ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Велев: Ја живееме најтешката година за болните од дијабетес

Диме Велев- претседател на Сојузот на дијабетичари на РСМ/Фото: Драган Митрески

Недостиг на глукомери и ленти за мерење на шеќер во крв, неспроведување на Националната програма, барање на конструктивни решенија за дијабетичарите и навремена набавка на се што е потребно за овие пациенти го обележаа денешниот 14- ноември, Светскиот ден на борба против дијабетес. Диме Велев претседателот на Сојузот на здруженијата на дијабетичари во Македонија во интервју за „Слободен печат“ на Слободна ТВ вели дека годинава била една од најтешките за нив.

– Во државава има 113.000 болни од дијабетес, а во светот скоро 450 милиони. Оваа е една од најтешките години за нас. Цела година беше наша година. Денешниот 14-ти ноември е последниот ден на кој што водиме дијалог и се однесуваме достоинствено. Последен пат на на денешниот Форум ќе разговараме со сите релевантни фактори ако е можно да не се случуваат овие работи кои до сега се случуваа- вели Велев.

Според него дијабетичарите се во неповолна состојба со месеци поради тоа што тендерот за набавка на ленти и глукомери не беше навремено распишан. Во изминатите десет месеци сами си купуваат ленти и глукомери.

– Според програмата не постои простор за рефундација. Тип дијабетес 1 ги чини пацинетите околу 4.500 денари на месечна основа, но нема закон за рефундација. Ние не сме многу скапи пациенти. Но црната точка е во одговорните, во неправилното менаџирање- вели Велев.

Според него тие се судбински подредени за борба со животот.

-Децата со дијабет се посебна приказна. Тие треба да се постават на сензори. Денес имаме само 700 деца на сензори, другите 4.000 чекаат на ред- вели Велев.

Според него сензорите се потребни за квалитетен живот. Помалите места како Свети Николе и Ресен се прескокнуваат во поделбата на ленти и глукомери, оставени се сами на себе.

-Националната програма не почнала да се спроведува. Денес на Форумот ќе поднесеме документ кој треба да се потпише од надлежните. Протест е следен чекор. Прво тужби, а улицата не ни бега- вели Велев.

Со него разговаравме за глукомерите кои се несоодветно спакувани во пластични ќесиња, за нивното барање за рефентна цена за глукомери и ленти, но и за децата со дијабет, што е потребно да се направи за подобрување на состојбите. Во интервјуто зборувавме и за проблемот што една лента за мерење шеќер одговара на 2 апарати, за тоа каде има, а каде не ленти и глукомери во моментот.

Целото интервју со Диме Велев претседателот на Сојузот на дијабетичари на Македонија погледнете го овде:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот