ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Сених: Лек за ХИВ/СИДА нема, но мисијата е до 2030 година да се дојде до 0% нови инфекци

Андреј Сених/фото Принтскрин

Со кампања и хуманитарна забава насловена „Лек за ХИВ“ во „Сома“, денес ќе биде одбележан Светскиот ден на ХИВ/СИДА. Лек за овој вирус сè уште не е пронајден, но во поново време луѓето инфицирани со овој вирус преку соодветна терапија можат да живеат здрав, долг, продуктивен живот.
Глобална политичка цел на сите земји на ниво на Обединетите нации е преку совемените мерки кои се преземаат за ставање на епидемијата во контрола, до 2030 година да се дојде до нула отсто нови инфекци.

Андреј Сених, извршен директор на здружението „Заедно посилни“ , во гостување на утринската емисја „Слободен печат“ на Слободна ТВ, рече дека квалитетот на живот на 506-те живи регистрирани ХИВ-позитивни во нашата земја е солиден, но може да биде и многу подобар.

– Штом едно лице со ХИВ ја добие својата дијагноза, како и во светот, така и кај нас, може веднаш да почне со терапија. Се работи за таблетарна терапија, антивирусна. Спречува вирусот да се размножува и го потиснува до количество т.н недектабилно количество на вирус во крвта , што значи речиси и го нема во циркулацијата, на тој начин не може да се пренесе, вели Сених.

ХИВ -позитивните лица кои примаат терапија може да имаат деца, без никаков ризик за партнерот и детето.

-Бебето може да биде инфицирано само ако мајката е ХИВ-позитивна, од таткото нема како да се зарази . Доколку таткото е позитивен и е на терапија нема како да го пренесе на партнерката , појаснува Сених.

Тој упати апел жените најдоцна до првите три месеци од бременоста да се тестираат, бидејќи доколку вирусот е откриен во првиот стадиум од бременоста со терапијата може да се поттисне неговото ширење и да се стигне до т.н недектабилно количество, на тој начин ќе се спречи пренос на вирусот кај бебето.

Целото интервју со Андреј Сених, извршен директор на здружението „Заедно посилни“погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот