ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ | Професор Синиша Наумоски: Стабилизација може да очекуваме во 2024 година
Веќе живееме во трета кризна година и наредната година, во првиот квартал, може да очекуваме турбулентен период, а во втората половина на 2023 година се очекува стабилизациски период, за да вистинската стабилизација дојде во 2024 година, анализира професорот Синиша Наумовски.
Препорачано
Тој во разговорот за „Слободна ТВ“ вели дека токму кризата треба да биде нова можност за нашата земја, затоа што Брисел почнува да спроведува политика на „опција на приближување“, која значи селење на нивните компании од Азија на европско тло. Тоа, потенцира професорот, Македонија треба да го искористи. Но исто така, треба да се работи многу и на земјоделските политики, кои веќе се ревидираат затоа што кризата покажа колку значи да имаме сопствена храна. Особено внимание треба да се посвети и на образованието и да се развива концептот на дуално образование.
– Светот по ова криза ќе излезе поделен, треба да се размислува за нов начин на преструктуирање меѓу Истокот и Западот и сите ние ќе загубиме по нешто, тука мора да бидеме објективни – некои во светот ќе загубат територи, најстаршно е што ќе се загубат животи, а ние, како резултат на инфлаторните движења, ќе загубиме од буџетите како граѓани во економиите. ММФ прогнозира глобална инфлација од 8,8 проценти на крајот од 2022 година, а Европската централна банка за Еврозоната прогнозира 8,1 процент. Во наредната 2023 глобалните прогнози на ММФ се инфлација од 6-6,5 проценти, односно инфлацијата нема да расте со иста динамика како сега, а ЕЦБ вели дека таа ќе биде 5,5 проценти во Еврозоната. Веќе во 2024 прогнозите за се ќе дојдеме на ниво на инфлација од 2019 година, односно ЕЦБ прогнозира 2,3 проценти во ЕУ, а прогнозите на ММФ за инфлација на глобално ниво се 4,3 проценти – вели Наумоски.
Професорот вели дека кога зборуваме за инфлацијата, треба да одговориме и на прашањето: Дали војната во Украина е причина за инфлацијата, или таа е само алиби, а релано, таа е последица на монетраната глобална експанзија со вбризгување на пари во економијата после 2008 година, кога се спроведуваше политиката на „квантитативно олеснување“ што доведе до многу екстремно зголемување на ликвидноста годиниве наназад, без релано да се одработи таа ликвидност?
Целото ВИДЕО-ИНТEРВЈУ погледајте го во продолжение:


