ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Пастор Филип: Мојата одлука не беше да станам пастор, туку следбеник на Христос

Пастор Филип Иванов/Фото: Методи Здравев

„Слободен печат“ во поддршка на верските заедници во Македонија. Без разлика дали верувате во себе или во Господ, Алах, Синот и Светиот дух, се водите по Куранот, Библијата или Светото писмо, на крајот сте сепак човек, кој е дел од една заедница. Православен, муслиман, скиентолог, бектеш, дервиш, евангелист, католик или јудеист. Сите заедно треба да градат соживот и да се разбираат и да се прифатат меѓу себе. „Слободен печат“ ќе се обиде преку запознавање на религиите, да одговори на прашања кој како го слави Господ, кој што празнува, во што верува, како ја следи верата. Целта е да се запознаеме себеси, но и соседот, пријателот, познајникот кој е припадник на друга верска заедница или црква. Преку серијал од десетина епизоди се надеваме дека ќе придонесеме подобро да се запознаеме меѓу себе и да сфатиме дека на крајот сите сме исти.

Филип Иванов е пастор во Евангелска црква во Велес. Не била негова одлуката да стане пастор, туку следбеник на Христос. Неговата желба да му служи на Христос го променила неговиот живот, и сега тој му служи нему.

Пастор Филип Иванов/Фото: Методи Здравев

-Јас сум пастор и свештеник во оваа локална црковна заедница, а на нивио на Македонија заменик на претседателот на оваа заедница. Евангелска црква е протестантска црква што значи е христијанска црква меѓу православието, католицизмот и протестантизам. Евангелската црква е протетестантска црква основана во 16 век. Главна разлика е што Светото писмо за нас е врховен авторитет за верата и христијанската пракса. Евангелското учење е различно од другите поради Светото писмо. Тоа е прв авторитет. Немаме конкретна бројка на членови, на богослужби доаѓаат од 40 до 50 лица- вели Иванов.

Тој објаснува дека како дел од богослужбата се црковни песни и духовни химни, а се пеат во придружба на пијано или гитара. Од светите обреди ги издвојува редовното доаѓање на богослужби секоја недела, вечерни молитви во текот на неделата, причест.

– Наши свети тајни се крштевање и причест, главно акцентот во секојдневниот живот е односот со господ и како тоа се преточува во секојдневниот живот. Духовното гориво е самиот верник, неговата лична посветеност на Христос, во обожавање на Христос, во молитва, но и меѓусебниот однос со верниците- вели пасторот.

Пастор Филип Иванов/Фото: Методи Здравев

На прашањето дали доаѓаат депресивни луѓе, кои имале проблеми, Иванов вели дека луѓето често имаат различни потреби, наоѓаат утеха, засолниште и поткрепа во духовноста за најразлични проблеми, анксиозност, душевни болести. Во тие моменти луѓето бараат нешто надвор од себе, го бараат Господ.

– Јас како духовник ги водам низ тој процес. Тоа не се решава со магично стапче и потребен е процес и време. Ние веруваме дека бог е троеден се појавува во Отецот, Синот и Светиот дух, и дека тој бог е создавач, двигател и исцелител на се видливо и невидливо. Во духот на христијанството го гледаме секој човак како наш ближен. Постојат секакви разлики, теолошки, но должност наша сите да ги гледаме како браќа по Христос. И сите останати ги гледаме како наши ближни- вели пасторот

Околу празниците вели дека го празнуваат Божиќ, Велигден, Духовден, посебен ден е Ден на протестанска реформација 31 октомври и тие се главни моменти кога се потсетуваат на таа спасителна историја од Светото писмо.

-Мојата одлука не беше да станам пастор, туку следбеник на Христос. Мојата желба да му служам на Христос го промнеи мојот живот, сега јас му служам нему. Тоа беше пресудно да станам пастор- вели Иванов.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот