ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Младен Чадиковски-ЗНМ: Неказнивоста за нападите врз новинарите стана минато, поголеми плати е следениот наш имепратив

Младен Чадиковски - новинар и претседател на ЗНМ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Донесувањето на измените на Кривичиот законик во Собранието кои се однесуваат за поголема заштита на новинарите и медиумските работници при вршење на нивната професионална дејност е капитална работа за ЗНМ на која макотрпно работеше изминативе четири години. Гледаме дека измените се усвоени и се во првата фаза каде се очекува процедурата да заврши до крајот на годината. Со ова можам слободно да кажам дека новинарската професија станува респектибилна а медиумските работници ќе бидат пред се заштитени и повеќе ценети во општестовто. Ова меѓудругото го истакна претседателот на Здружението на новинари на Македонија Младен Чадиковски во емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ, коментирајќи последните измени на Кривичниот законик и медиумските реформи во државата.

– Не се само физичките напади врз новинарите проблем за медиумските работници. Тие се соочуваат и со он-лајн напади, закани по живот а навредите спаѓаат во корпустот што овој Закон сега ќе го опфати. Новинарите сега нема да требаат да одат сами да пријавуваат напади, туку Обвинителството по службена должност да ги гони напаѓачите. Што е уште позначајно ЈО на наше инситирање постави веќе обвинител кој ќе биде надлежен за следење на нападите врз новинарите – вели првиот човек на ЗНМ.

Претседателот на ЗНМ Чадиковски дополни дека со новиот Закон никој ќе неможе во идина да помине со условна казна или парична доколку некој се дрзне да нападне медиумски работник. Тој во своето гостување говореше и за и за измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (ЗГОНК).

– Досега во Македонија постоеше еден рестриктивен закон со кој новинарите беа многу драконски казнувани за евентуелна навреда или клевета. Сега со усвојувањето на овој Закон, казните се намалени, од сегашните 2.000 евра на 400 евра максимална казна која што ќе може да биде изречена за новинар доколку некој наклевети – рече Чадиковски, при тоа појаснувајќи дека интенцијата на овој закон не е новинарите да можат да клеветат и да кажуваат невистини, туку да се спречат потенцијалните луѓе, бизнисмени, моќници кои го користат инстументот на клеветата и навредата само за да ги малтретираат новинарите.

Претседателот на ЗНМ во однос на социлниот статус на медиумските работници истакна дека најстарото здружение на медиумски работници во земјава изготвува стратегија со која ќе се подобруваат и примањата кај работниците во оваа сфера.

– Недоволно платен работник не може да биде ни доволно добар професионален работник. Овие работи се поврзани меѓусебно, и затоа ние тесно соработуваме со самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и секојдневно изнаоѓаме решанија како да ги подобриме состојбите на ова поле кај новинарите. Едно од решенијата е и менување на правилникот на АВАМУ во делот на вработувањето на новинарите. Со некои измени кои ги работиме во моментов убедени сме дека ќе направиме работниците во овој сектор во идина да не бидат вработувани на минималци – истакна првиот човек на ЗНМ Чадиковски во емисијата „Утрински печат“.

Младен Чадиковски во разговорот се осврна и за изборното собрание на ЗНМ кое треба да се одржи на 3 декември оваа година но и за измените на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Повеќе од разговорoт со Чадиковски погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот