ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Доаѓаат Македонци за лекување со компликации кои не се опишани во медицината

Д-р Иво Бошковски - гастроентерохепатолог

Доктор Иво Бошкоски е Македонец, кој пред извесно време заедно со неговиот тим беше топ тема во сите италијански медиуми, кога во екот на пандемијата на ковид-19 имале многу комплициран случај на пациент со две трансплантации на црн дроб и комплетно затворање и раздвојување на жолчните патишта. Роден во Тетово, д-р Бошкоски гордо зборува за своето детство, за средношколските денови и времето минато во земјава. Но, патот го однел во вечниот град Рим, каде го завршува своето образование и станува врвен гастроентеролог. Во интервју за „Утрински печат“ на „Слободна ТВ“, тој се осврнува и на италијанското здравство, зборува за тоа до каде е Македонија со здравствениот систем во однос на ЕУ, но и за неколку методи во гастроентерохепатологијата кои носат негово име, а се користат на многу светски клиники. Бошкоски е роден во Тетово, под падините на Шара. Во 1999 година се запишал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде поминал две години, по што се одлучил да ги продолжи студиите на медицина во Перуџа. Во Италија на тој факултет завршил буквално по грешка, а за тоа го обвинува автобусот во кој се качил.

-Како секој добар тетовец, зедов автобус ден пред полагањето за да видам каде е факултетот и како се стига до таму. Но за враќање го згрешив автобусот. Имало 2а и 2б. Стигнав на сосема друго место. Шетајќи низ Перуџа барајќи каде сум, налетав на Факултет за медицина и хирургија. Влегов и дознав дека требало да се регистрирам. Така почна мојата историја- вели д-р Иво.

Во Перуџа му ги признале сите испити од Скопје. Сакал да специјализацира хирургија. Многу било тешко да се влезе на Гастро во неговата клиника. Аплицирал во најпрестижната болница во Рим и бил четврти од четири места.

Ова е интервентна гастрологија,  само овде се прават тие методи. Се прави ендоскопија со робот, прв центар во светот за ваква метода. Исто така, правам шиење на желудник преку уста прв пат овде се направи и јас прв во Европа го донесов тоа од Америка. Постапката трае 20 минути и се прави кај гојазни луѓе. Не се вади, желудникот останува и ова е метода со 1 отсто компликации – за еден ден пациентите си одат дома- вели д-р Бошкоски.

Постои посебна метода која го носи неговото име, таа е негов патент и сега се прави секаде во ЕУ. Тој објаснува дека во Италија дебелината има статус на болест како и карциномот и мора да се лекува, а сите трошоци се покриени од италијанското здравство.

-Доаѓаат пациенти од странство, насекаде од Европска Унија со авиоамбуланти, хелиоабуланти. Кога ништо друго не функционира и не може да се направи, ние сме на ред, ова се иновативни методи кои не се прават на друго место- вели докторот.

Тој објаснува дека доаѓаат Македонци со компликации кои не се опишани во книги, погрешни дијагнози, најкомплексните случаи во неговата болница се дојдени од Македонија.

– Постоперативните компликации успешно се решени. Имаме пацинети од Македонија каде од обична операција настанува тотална компликација. Имаме одлична соработка со македонските доктори, но никој во последно време не доаѓа за обука- вели Бошкоски. Според него, здравствениот систем е огледало на државата.

Д-р Бошкоски вели дека знае луѓе кои имаат продавано имот за да се лечат приватно во Македонија.

-Инвестиција во здравство и едукација се приоритетни. Ако нема овде инвестиции, тогаш нема држава. Во Македонија нема инвестиции во здравство, нема скрининг. Актуелниот систем на здравство во последни 30 години е во катастрофална состојба. Здравствениот систем во Македонија е само за тие кои имаат пари. Жално е што луѓе умираат од болести кои во ЕУ можат да се излечат во село- вели Бошкоски.

Мобилните телефони ги уништуваат мозочните клетки

За користењето на молни телефони и таблети од децата во земјава бошкоски вели дека тоа е катастрофална грешка на родителите.

-Младите во Македонија на една година во раце добиваат таблети и комјутери, нема педијатриска контрола, тоа е погубно за нервниот систем на децата, тие мора да бидат минимално експонирани на технологија. Тоа доаѓа од средина во која се живее- вели Бошкоски.

Погледнете го целото интервју со д-р Бошкоски на „Слободна ТВ“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот