ВИДЕО: Интервентната полиција прослави јубилеј со наменска патриотска рап-песна и соодветен спот
Интервентната единица на македонската полиција одбележа шест години постоење во сегашната форма, а како дел од тоа одбележување, МВР објави спот со наменска рап-песна и спот во кој се прикажани припадниците на единицата во акција.
Препорачано
Естетиката на спотот потсетува на онаа на турските акциски серии популарни кај нас пред 10-15 години. Додека гледаме како полицаец во зелена тренерка „Адидас“ и со маска на главата се подготвува за акција, држејќи автоматска пушка во рацете, во прво лице (множина) припадниците на единицата се фалат како имаат бројни доблести и принципи.
„Храброст, гордост, закон и ред“ – е мотивот, своевиден рефрен, кој агресивниот рапер во повеќе наврати го извикува на цел глас.
Во еден дел од песната, додека маскираните полицајци со автоматски пушки запираат џип и го апсат возачот, се појавуваат патриотските мотиви, а гласот во прво лице преминува во еднина:
„За Македонија дишеме сите
За Македонија живот даваме, обединете!
Извинете сите што на второ место ве ставам,
ама за Македонија живеам, за неа живот давам“
Песната почнува и завршува со женски глас, кој според дикцијата и акцентот го позајмила колешка од МВР. Таа, во манир на телевизиска или радиопрезентерка, чита соопштение од полицискиот билтен за „нова успешна акција на интервентна полиција“ и криминалци кои се „лишени од слобода“.
Уживајте:


