ВИДЕО | Интер со автоголот на Гати го победи Јувентус и направи голем чекор кон Скудетото
Eкипата на Интер направи голем чекор кон Скудетото во Серија А откако вечерва во дербито на „Џузепе Меаца“ славеше против Јувентус со 1:0.
Препорачано
Како одлучувачки момент во дербитo се покажа автоголот на Федерико Гати во првото полувреме. Јувентус покажа квалитет и имаше свои шанси, но впечаток е дека Интер сепак беше подобриот тим вечерва и заслужено ги освои важните три бода.
We thank Gatti’s chest for scoring for us! ?
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) February 4, 2024
Најдобрата можност за Јувентус ја пропушти Душан Влаховиќ во второто полувреме. Српскиот напаѓач доби топка од Мекени кој имаше еден соло-продор, но напаѓачот на „старата дама“ катастрофално реагираше иако беше во идеална позиција. Гати се закани со одличен удар по еден „отпадок“, но топката помина покрај стативата.
Интер можеше и поубедливо да слави со оглед на тоа што Војчех Шчесни одбрани 100% прилики на Барела и Арнаутовиќ. За одбележување од дербито е и дебито на новото засилување на Јувентус, Карлос Алкараз кој одигра неколку минути во завршницата.
По овој триумф Интер има четири бода повеќе од Јувентус на врвот на табелата, но и натпревар помалку во однос на црно-белите.


