Инцидент на протестите во Бања Лука против јавниот сервис

Фото: Н1

За време на говорот на Милан Радовиќ од СДС, на протестите на опозицијата пред зградата на РТРС во Бања Лука, се случи необичен инцидент кога човек излезе на бината со слики од Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, кои се прогласени за воени злосторници, објави Н1

Неколку стотици граѓани вечерва протестираат пред седиштето на РТРС, незадоволни од изборните резултати, што денеска ги потврди Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина.

Опозициските партии претходно најавија дека протестот се организира за да го изразат своето незадоволство од необјективното известување на јавниот сервис.

Јелена Тривиќ, која беше кандидатка за претседателка на РС на општите избори одржани на 2 октомври, рече дека барањето до РТРС е објективно известување и „да запре со етикетирање на сите оние кои мислат поинаку од режимот”, истакна таа

Таа порача и дека протестите на опозицијата нема да престанат, а нивното барање е судството да функционира и да ги процесуира оние кои, како што таа тврди, учествувале во кражбите на изборите.

„И покрај негативната одлука на Судот и на ЦИК, борбата мора да продолжи”, објави денеска на социјалните мрежи Јелена Тривиќ“, додавајќи дека ќе се бори против „коруптивното зло” и дека одговорните за изборната кражба на крајот ќе бидат казнети

Централната изборна комисија на БиХ денеска ги потврди резултатите, а со тоа и изборот на Милорад Додик за претседател на Република Српска.

Програмата на N1 телевизија можете да ја следите во живо на овој линк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот