ВИДЕО | Имаше само две години кога тој почина: Ќерката на Хит Леџер, Матилда, неодоливо потсетува на својот покоен татко
Ќерката на починатиот актер Хит Леџер, 19-годишната Матилда Леџер, по долго време е „уловена“ од папараците, а многумина велат дека неодоливо потсетува на својот татко. Матилда беше забележана на улиците на Њујорк заедно со својата пријателка, а од фотографиите може да се забележи, колку таа навистина потсетува на ѕвездата од филмот „Џокер“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хит почина кога таа имаше само две години.
Познатиот актер доби ќерка од бракот со актерката Мишел Вилијамс, а неколку месеци по нивната разделба, Хит беше пронајден мртов во својот стан, во јануари 2008 година, откако се предозирал. Матилда тогаш имаше само две години.
Актерот ретко ја гледал својата ќерка поради битката со зависноста. По неговата смрт, Вилијамс се повлече од очите на јавноста, а кариерата ја стави во втор план, преселувајќи се од Њујорк во помирен град со Матилда.
По неколку години таа се врати во јавноста и се омажи за музичарот Фил Елверум, но бракот не траеше долго. По оваа врска, Мишел тајно се омажи за Томас Кејл, со кој има две деца.


