ВИДЕО | Илијевски: Бараме граѓаните кои на пописот во Србија се изјасниле како Македонци да добијат државјанства

Цела дијаспора од е засегната со оваа некоректна изјава на поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски. Ако ја следиме ситуацијата со Бугарија, нашата преговарачка позиција е многу послаба оти настапува како членка на ЕУ. Позицијата на Македонија е ослабена и поради немањето на организирано македонско малцинство во Македонија.

Македонија тогаш после пресудите во Стразбур требаше да застане во заштита на своето малцинство. Може многу повеќе да се координираме за малцинството и Центар за грижа за малцинство да биде токму овде во Македонија. Јас инсистирав да се направи еден конгрес на дијаспората. Македонија може да добие многу од дијаспортата, но мора да не организираат. Јас предложив многу работи кои на тој конгрес би се разговарале. Се спремавме за тој конгрес, имавме добри контакти со министерот за дијаспора, но тоа министерство сега е укинато. Во Србија има три македонски партии. Имаме и здруженија кои се регистрирани во Србија. Ние сме организирани. Во 169 општини во Србија, во 168 според пописот во Србија има барем еден Македонец. Како ретко каде во светот имаме македонски јазик како службен во општини во Србија, изјави во Утрински брифинг Горан Илијевски, претседател на Партијата на Македонците во Србија.

Добро е што владата се огради од ставот на Георгиевски. Повеќе штета донесе. Изјавата се коси со Уставот на Република Северна Македонија, смета Илијевски.

Пописот е за поздравување. Македонскта дијаспора е многу силна. Има околу 500.000 исселеници. Имаме поколенија кои многу тешко доаѓаат до документ дека имаат потекло од Македонија. На пописот во Србија 45.000 се изјаснија како Македонци во 2002. Следниот попис 2012 паднавме на 23.000. Тоа е слободно изјаснување. Сега не знам колку ќе се изјаснат во Србија, затоа што услов за да се изјасниш како Македонец е државјанството. Околу пописот во Македонија мислам дека оние коие се чувствуваат како Македонци ќе се попишат.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот