ВИДЕО | Илиевскa од „Поинаку“: Кога ниедна партија на власт нема комоција, тоа е добро за функционирање на општината

Габриела Илиевскa „Поинаку“, претс. на Советот на Општина Битола
Габриела Илиевскa „Поинаку“, претседателка на Советот на Општина Битола / Утрински брифинг

Јас доаѓам од една мала група која направи големи промени и која навистина ги замеша сите. Се она што досега беше нормално во Битола да се прави после избори, во Битола почна да биде поинаку од досега. Како некој кој доаѓа од граѓански сектор, во овој момент јас не чувствувам никаков партиски притисок, изјави за Утрински брифинг Габриела Илиевскa од „Поинаку“, претседавач на Советот на Општина Битола.

-Сметам дека ваквата распределенот на сили во советите мислам дека е добро за општините, за граѓаните. Мислам дека можеби немањето на комоција на било која партија која што ја има власта е добро за да функционира општината, вели таа.

Илиевска вели дека советот работи краток временски период, но во овој временски период функционира како и претходно како советничка група. – Имаме наши барања, проекти, ставови, кои немаме намера да ги промениме. Но за разлика од пред четири години до овој момент имаме слух со онаа политичка партија која на последните избори имаше најголем број на советници, вели таа.

-Морам да кажам дека за прв пат во Битола, ние кажуваме дека не постои коалиција која функционира со меѓусебни пазари. Знам дека сето тоа е ново и за Битола и за Македонија, но сметам дека кога во едно место ќе почнат такви промени, наредните избори тоа ќе биде нормално и во другите општини, вели Илиевска.

Таа додава дека на последните избори „Поинаку“ немаше кандидат за градоначалник, а граѓаните одлучија кој ќе победи и вели дека соработката со градоначалникот е на добра основи. -До овој момент можам да кажам дека имаме соработка. При носењето на буџетот нашите проекти се влезени во буџетот, вели Илиевска.

-Не сакавме да добиеме никакви функции од типот на директори, управни и надзорни одбори и им дадовме шанса на оние луѓе кои ги избрал градоначланикот да видиме како ќе се справат. На почетокот секој заслужува шанса, вели Илиевска.

Говорејќи околу „Отворениот ден за граѓаните“ Илиевска вели дека уште во претходниот барале канцеарија за вакви средби, но не наишле на одобрување.

-Едно од нашите ветувања пред изборите беше транспарентност, отвореност и достапност на општината. Пред Нова година јас како претседател на Совет имав иницијатива во состав на зградата на Општина Битола да се отвори канцеларија за средба со граѓани. Во текот на неделата секоја советничка група си има свој ден, информира Илиевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот