ВИДЕО: Иле е буден и добро закрепнува – во него чука срцето на Верица, хирурзите спасија три животи

22- годишниот Иле Стрезовски во чии гради денеска беше трансплантирано срцето на починатиот донор Верица Белчовска е буден и контактибилен, сите параметри му се добри, соопшти кардиохирургот д-р Сашко Јовев кој заедно со својот тим и со тимот од Клиниката Жан Митрев ја изврши оваа сложена трансплантација на срце.

Семејството на Иле изрази благодарност до семејството на 20-годишната Верица Белчовска и до лекарите кои го спасија неговиот живот.

Како што нагласи министерот Венко Филипче за Иле единствена шанса за живот била трансплантација на срце зошто неговото било со терминална срцева слабост, а тоа го потврди и врвниот кардиохирург Жан Митрев кој рече дека на оваа операција бил во улога на асистент.

Лекарскиот тим кој денеска изврши две трансплантации на бубрези кај 27-годишен пациент како и 40-годишен соопшти дека и кај нив состојбата е стабилна.

Д-р Дохчев кој заедно со д-р Ставридис од Универзитетската клиника за Урологија ја извршија трансплантацијата на бубрезите соопшти дека вториот бубрег од донорот бил со вродена аномалија но успеале да ја завршат трансплантацијата и кај вториот пациент.

Деновиве експлантираното меко ткиво и коските од починатата пациентка ќе бидат донирани пред се кај пациенти оперирани од метастази на коските и други карциономи, рече министерот Венко Филипче кој уште еднаш се заблагодари до семејството на Верица Белчовска кое во својот најтежок момент на загуба и шок одлучи со донација на органите да спаси повеќе човечки животи.

20-годишната Верица Белчовска го загуби животот во сообраќајна несреќа во Струмица каде се преселила од родното Берово заедно со својата мајка и сестра во потрага по подобар живот.

Сакаме да спасиме животи, вели братот на девојката чии органи беа дарувани

Верче ја удрил млад возач на пешачки премин во Струмица

Бубрезите од донорот на срцето ќе се трансплантираат денеска, коските во наредните денови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот