ВИДЕО: ИХФ импресиониран од Томовски, нека биде така и против Данска!

Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Денеска Меѓународната ракометна федерација преку социјалните мрежи објави три имиња кои блескаа на Светското првенство во Египет кога станува збор за одбранети пенали.

Помеѓу нив е и македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Мартин Томовски кој имаше вкупно пет одбранети седмерци. Повеќе од нашиот голман севкупно на Мундијалот имаа само Јасине Идриси од Мароко (осум одбранети пенали) и Норвежанецот Кристинан Саеверас (шест).

Иако процентуално, Томовски е на четвртото место на СП (42%) зад Луис Алмеида, Шего и Халгримсон, ИХФ ги одвои тројцата голмани со најмногу одбранети пенали не сметајќи ги противничките обиди.

ИХФ ги дефинираше овие тројца голмани како „убијци на пеналџии“, а нивните перформанси можете да ги погледнете на видео записот..

23-годишниот Томовски пред да се пресели во германскиот клуб Лудвигсхафен, ги бранеше боите на скопски Металург. Воедно Томовски е меѓу повиканите од селекторот Кирил Лазаров за претстојните два натпревари од квалификациите за Европското првенство против актуелниот светски шампион Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот