ВИДЕО I Ужасната вистина за случајот во Франција: Професорот Пати плати со живот заради детска лага

Снимки кои го вознемирија светот - обезглавен професор во Париз /Фото: Скриншот

Како и многу нејзини врсници, и 13-годишното девојче не сакаше да го разочара својот татко и не му призна дека е отстранета од училиште поради лошо однесување. Значи, таа измисли лага, објави Ле Паризиен.

Имено, тинејџерката измислила приказна за тоа како нејзиниот професор по историја Самуел Пати им рекол на муслиманските ученици да ја напуштат училницата за да може на другите да им покаже „фотографија од гол пророк“.

Иако во тоа време можеби се чинеше безопасна лага, оваа приказна ги активираше настаните што доведоа до речиси незамисливото – исламски терорист обезглави професор, Франција беше шокирана, а девојчето и нејзиниот татко се соочија со кривична пријава. Под истрага сè уште двајца тинејџери кои од атентаторот Абдулах Анзоров зеле пари.

Веста дека на наставникот во средно училиште му ја отсекле главата во октомври минатата година се прошири низ целиот свет и наскоро дебатата за слободата на изразување повторно се отвори. Илјадници луѓе се собраа во Париз во знак на солидарност со убиениот професор, а #jesuissamuel и #jessuisprof беа споделени на социјалните мрежи.

Сега, францускиот весник Ле Паризиен открива дека девојчето, познато само со иницијалите З., признало дека погрешно го обвинила својот професор.

„Ле Паризиен“, а и „Гардијан“ пренесоа дека девојчето му признало на истражниот судија дека лаже и дека воопшто не било во училницата, каде Пати на учениците им покажал контроверзни илустрации од сатиричниот весник „Шарли Ебдо“.

Семјуел Пати (47), професор по историја и географија, одржа предавање за „дилемите“ на 6 октомври минатата година. Тој го постави прашањето „да се биде или не да се биде Чарли?“, повикувајќи се на хаштагот #JeSuisCharlie, кој изразува поддршка за жртвите на терористичкиот напад во јануари 2015 година, во кој беа убиени 12 лица.

Два дена подоцна, 13-годишно девојче му рекло на својот татко дека Пати ги замолил учениците муслимани да излезат од училницата пред да ја покаже карикатурата. Таа исто така измислила дека изразила несогласување со наставникот и тој ја суспендирал од часовите два дена.

Откако ја слушнал оваа приказна, нејзиниот марокански татко Брахим Чина (48) сподели видео на Фејсбук во кое го осудува Пати и повикува на негово отстранување од средното училиште во Конфланс-Сант-Онорин. На социјалните мрежи беше објавено уште едно, подеднакво бесно видео, обвинувајќи го Пати за „дискриминација“.

Набргу откако се појави на социјалните мрежи, видеото стигна до Анзоров (18), радикализиран чеченски мигрант кој живее во Нормандија.

На 16 октомври, Анзоров отпатувал во Конфланс-Сант-Онорин, им платил на двајца тинејџери од училиштето да го идентификуваат Пети додека се враќал дома во петокот вечерта и го обезглавил.

Девојчето наводно ја криело својата приказна сè додека полицијата не и соопштила дека неколку соученици потврдиле дека таа не била присутна на часот додека Пати ја покажувал карикатурата и дека Пати не им кажал на студентите муслимани да го напуштат часот како што тврди таа.

Инспекторите, наводно, рекле дека страдала од „комплекс на инфериорност“ и била посветена на нејзиниот татко.

Адвокатот на девојчето, Мбеко Табула инсистира на тоа дека тежината на трагедијата не треба да паѓа на рамениците на 13-годишното девојче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот