ВИДЕО I Што се поседува газдата на Њукасл: Најскапата куќа на светот, слика на Да Винчи, јахта од 500 милиони евра…

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман преку државниот инвестициски фонд го купи англискиот премиерлигаш Њукасл и преку ноќ го направи најбогат спортски колектив на светот.

Првичните најави се дека принцот нема многу да се меша во политиката на клубот, но бара резултати и очекува пет години екипата да ја освои титулата во Премиер лигата.

Мохамед бин Салман за купување на Њукасл плати за него смешни 300 милиони фунти, и навистина импресивно звучи податокот дека англискиот тим го чини помалку од купување на една слика која се наоѓа во неговата колекција.

Мохамед бин Салман управува со капитал од 800 милијарди долари и може да купи буквално се што ќе посака.

Така принцот плати рекордни 450 милиони долари за сликата на Леондардо да Винчи „Salvador Mundi“ (Спасител на светот), а во негова сопственост е и најскапата куќа на светот.
Станува збор за дворецот „Луј 14′ кој е изграден во 2011 година и за кого плати 270 милиони евра.

Целиот имот се простира на речиси 5.000 квадратни метри и во него има вински подрум, отворен и затворен базен, ноќен клуб, кино, терен за сквош, соба во огромен аквариум.
Домот е преполн со уметнички дека, а централно место зазема токму сликата на Леонардо да Винчи.

Покрај тоа, Мохамед бин Салман поседува и јахта долга 130 метри која вреди 530 милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот