ВИДЕО: И претседателите плачат јавно: Еве во кои моменти Путин, Обама, Буш, Берлускони … пуштија солзи
Светот неодамна беше изненаден од снимката на која севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун заплака пред насобраните луѓе на воената парада.
Препорачано
Тој заплака додека говореше за напорите да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот во Северна Кореја. Сепак, иако делуваше ранливо, тоја на воената парада покажа моќно ново оружје.
Сепак ова не е првпат, овој лидер да покаже емоции во јавноста. Плачеше и на погребот на својот татко, Ким Џонг Ун, што секако е разбирлив момент.
Но тој не е единствениот светски лидер кој заплакал во јавност. Имало емотивни моменти но некогаш тоа било и за собирање на политички поени, па одредени светски лидери повеќе пати се снимени со солзи во очите.
Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин, кој држи до својот имиџ на мачо тип кој со цврста рака управува со Русија веќе 20 години, повеќе пати ја покажа својата помека страна.
Додека стоеше и ја слушаше руската химна при посетата на Монголија во 2014 година, тој ја подигна главата и со рака ја избриша солзата од окото, додека од липање му се тресеше вилицата.
На друга снимка од 2012 година заплака пред своите приврзаници по прогласувањето на неговата победа на претседателските избори.
Џастин Трудо
Канадскиот премиер Џастин Трудо пак својата популарност ја изгради на имиџот на чувствително момче.
Затоа и не е чудно што е снимен често расплакан.
Додека разговараше со сириски бегалци во 2016 година не можеше да ги скрие солзите.
Расплакан беше и на говорот во ноември 2017 година, кога јавно им се извини на староседелците поради начинот на кој биле третирани во минатото.
Истата година се расплака додека му оддаваше почит на починатиот музичар Горд Дауни.
Барак Обама
Додека актуелниот американски претседател главно го гледаме како вика, неговиот претходник Барак Обама често имаше изливи на емоции.
Обама плачеше во 2016 година додека зборуваше за жртвите од пукањето во училиштето Сенди Хок.
Емоциите го стигнаа и додека говореше за својата љубов и бракот со Мишел.
Џорџ Буш Јуниор
Покрај Обама заплака и неговиот претходник Џорџ Буш Јуниор и тоа на погребот на својот татко Џорџ Буш Сениор.
Исто така плачеше и во 2001 година по нападот во Њујорк. Снимен е неговиот разговор со тогашниот градоначалник Рудолф Џулијани каде се гледа дека е видно потресен.
Силвио Берлускони
Поранешниот италијански премиер беше и остана познат како многу драматична фигура во светската политика.
Тој плачеше среде Сенатот 2013 година, откако вети дека неговата партија ќе го поддржи тогашниот премиер.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
43мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


