ВИДЕО I Ковид-детектори на четири нозе: Германски кучиња се издресирани да намирисаат коронавирус со прецизност од 94 отсто

Фото: twitter

Ветеринарна клиника во Германија издресира кучиња кои може да намирисат присуство на ковид-19 во човечка плунка со прецизност од 94 отсто.

– Кучињата се издресирани на намирисаат коронавирус што потекнува од станица на заболени лица, вели Естер Шалке, ветеринарка во училиштето за обука на кучиња при германските вооружени сили.

Белгиската овчарка Филоу, стара три години, и Џо Кокер, едногодишен кокер шпаниел, се две кучиња кои моментно ја минуваат обуката на ветеринарниот факултет во Хановер.

– Направивме истражување во кое кучињата намирисаа примероци од позитивни пациенти на ковид-19 и може да кажеме дека, според нашето истражување, веројатноста за детекција на заболени е 94 отсто, истакна Холгер Фолк, лидер на ветеринарната клиника.

– Кучињата навистина можат да направат разлика меѓу заболени и здрави лица, меѓу симптоматски и асимптоматски случаи, додаде тој.

Штефан Веил, премиер на Долна Саксонија чиј главен град е Хановер, вели дека е импресиониран од студијата и повика на дополнителни испитувања пред да се стават кучињата во употреба во секојдневниот живот, како на пример за публика на концерти.

Кучиња кои се истренирани на мирис на ковид-19, во Финска почнаа да „душкаат“ патници на аеродромот Хелсинки-Ванта во септември во рамки на пилот проектот, заедно со вообичаените методи на тестирање на аеродромите.

Кучиња-детектори, исто така, се користат и на меѓународниот аеродром во Сантијаго, Чиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот