Видео I Комисија за надворешна политика: Одбиен предлогот на Муцунски за утврдување на национални позиции во однос на македонско-бугарскиот спор

Со пет гласа „против“ и четири „за“ беше одбиена предложената точка за утврдување на национални позиции во однос на македонско-бугарскиот спор во контекст на европските интеграции на денешната шеста седница на собраниската Комисија за надворшена политика што ја иницира пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски го стави на гласање предлогот за дополнување на дневниот ред по кој пет члена на владеачката коалиција се изјаснија против додека четворица од редовите на опозиција го поддржаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот