ВИДЕО И ФОТОГАЛЕРИЈА| Граѓани се собраа пред амбасадата на Србија да дадат поддршка на политиките на Вучиќ

Собир пред Амбасада на Репубика Србија Фотографија: Методиј Здравев

На овој мирен собир сакаме да испратиме порака до сите мирољубиви луѓе дека никој и ништо не може да ги наруши меѓународните добрососедски и братски односи помеѓу нас Македонците и Србите, рече Маја Денковска, претседател на Здружението „Мир, слога, стабилност“.

Здружението на граѓани за унапредување на правата и интересите на етничките заедници „Мир, слога, стабилност“, денеска на пладне, организираше собир пред амбасадата на Република Србија за поддршка на политиките на српскиот претседател Александар Вучиќ.

– На овој мирен собир сакаме да испратиме порака до сите мирољубиви луѓе дека никој и ништо не може да ги наруши меѓународните добрососедски и братски односи помеѓу нас Македонците и Србите. Овој собир е поддршка на претседателот Александар Вучиќ кој ја поддржува политиката на мирот, како во регионот, така и во светот. Тој е човек и политичар, еден и единствен, кој не побара од нас Македонците да го менуваме името на нашата земја, не побара да го менуваме Уставот, не побара да го менуваме сопствениот идентитет и јазик и што е најважно, човек кој не ја оспорува нашата историја – рече Маја Денковска, претседател на Здружението „Мир, слога, стабилност“.

Собир пред Амбасада на Република Србија: Фотографија: Методиј Здравев

Таа потсети и на поддршката во екот на пандемијата кога Македонија доби вакцини од Србија и кога нашите сограѓани можеа да се вакцинираат во ова држава, без притоа со ништо да не бидеме условувани.

Денковска рече дека ние како две земји имаме исти заложби, а тоа е образованието и развојот на нашите деца кои се нашата светлост и иднина.

– За тоа се бори и претседателот Вучиќ, за тоа се бори и претседателката Силјановска-Давкова – рече Денковска и изрази благодарност до македонската власт која ја поддржува политиката за меѓусебна соработка меѓу нашата држава и Република Србија.

На настанот присуствуваше и амбасадорката на Република Србија во Македонија Невена Јовановиќ.

Во продолжение погледајте ја фотогалеријата што ја направи нашиот колега Методиј Здравев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот