Фото: Принтскрин / Икс

ВИДЕО | Хуманоиден робот го шутна извршниот директор на компанијата што го создаде

По шпекулациите на интернет дека претходните демонстративни снимки биле компјутерски генерирани, компанијата со седиште во Шенжен објави ново видео на кое се гледа како хуманоиден робот го шутна извршниот директор на компанијата, облечен во заштитна опрема.

Ова „шоу“ има за цел да ги потврди физичките способности на роботот и да ги побие тврдењата за дигитална измама, што претставува невообичаена стратегија во сектор каде што техничките спецификации обично служат како доказ, објавуваат странските медиуми.

Минатата недела, компанијата со седиште во Шенжен го претстави T800 – робот со хуманоидна големина – како платформа за контролирани борбени демонстрации планирани за подоцна оваа година.

Контроверзност околу роботот што клоца

„Енџин АИ“ објави ново видео на кое се гледа како основачот и извршен директор на компанијата, Жао Тонгјанг, паѓа на земја по силен удар од роботот T800.

Снимен од повеќе агли,видеото го покажува роботот како останува стабилен откако е погоден, а потоа накратко позира. Иако стана вирален на кинеските и западните платформи, реакциите се поделени – некои ја нарекуваат демонстрацијата храбра, додека други тврдат дека ударот изгледал инсцениран.

Кога „Енџин АИ“ го претстави роботот- T800, драматично видео од роботот како изведува „летачки“ удари со нога и тресење врати предизвика дебата за автентичноста. Оригиналното видео, снимен во темно студио, ги наведе некои гледачи да се сомневаат во компјутерска генерација поради стилизираната монтажа и осветлување, и покрај тврдењето на компанијата.

Мобилност од нова генерација

„Енџин АИ“ T800 е хуманоиден робот во полна големина дизајниран за висока мобилност, издржливост и мултитаскинг. Висок е 173 см, тежи 75 кг со вградена батерија.

T800 пристигнува во брзорастечка област на бизнисот доминирана од „Тесла“, „Бостон динамикс“ и „Фјучр АИ“. Додека повеќето конкуренти нагласуваат индустриски и логистички апликации, оваа компанија има поинаков пристап – промовирајќи го роботот преку слика „подготвен за битка“ и најавувајќи планови за турнир во битка со роботи.

Компанијата со недели навестува дека T800 е подготвен за битка, што сугерира дека демонстрациите со висок интензитет се дел од намерна стратегија, а не од изолирани трикови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот