ВИДЕО | Хрватскa водителка „прсна“ од смеа среде вести: Колегите во студиото едвај се воздржаа
Водителката на Хрватската радиотелевизија (ХРТ), Марта Шимиќ Мрзлечки, почна неконтролирано да се смее среде вестите, а нејзиниот потег им го разубави денот на нејзините колеги и гледачи. Сè се случи за време на преминот кон временската прогноза, кога, се чини, во студиото се случи некаква внатрешна шега.
Препорачано
„Ти благодарам, Миховил, за овие возбудливи спортски вести. Остани со нас уште малку. Исидора ни се придружува“, по што „прсна“ од смеа.
Нејзиниот колега на шега рече: „Возбудлива прогноза“ и продолжи со програмата.
„Марта Кралицата“, „Честитки, така треба да биде“, „Ни треба малку домашна атмосфера“, „Легенда од Бјеловар“, „Фала му на Бога и вие можете да се смеете“, „Тие обично се напнати и не можам да верувам дека го доживеав ова“, се некои од коментарите на Тикток.
Краткиот излив на спонтаност ја изненади публиката, но ја покажа и човечката страна на телевизискиот бизнис, во кој, и покрај строгиот формат, понекогаш се случуваат непланирани моменти.
Водителката претходно во медиумски интервјуа спомена дека се обидува да го одржи веселиот дух на работа. Таа рече дека често се обидува да внесе малку добра енергија во редакцијата – понекогаш со песна, иако, како што самата признава, не е многу талентирана за пеење, па ситуацијата често се претвора во смеа.


