ВИДЕО | Христоски: Од град на колена, денеска Крушево се враќа во право светло

Започнати се активностите на Општинската организација на СДСМ во Општина Крушево. До сега во 90% од населените места и градот сум предложен како единствен кандидат. Ако ставиме паралела пред 2017 и денес, Крушево буквално беше на колена. Иако Крушево е град на историја, традиција, култура, сепак нешто ново му фалеше  изјави во Утрински брифинг градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

-Направивме патна инфраструктура, се соочувавме со огромни, долгогодишни проблеми кои беа предизвици на оваа локална власт. Се посветивме на туризмот, промоција и привлекување на домашни и странски туристи. Во Крушево организиравме за прв пат Светско првенство за параглајдерство. Крушево станува еден од трите центри во параглајдерство, тука е и змејарството, така што Крушево почна да живее како во зима така и во лето – го направивме дестинација за сите четири сезони, вели Христоски.

-Ние од почеток на мандатот започнавме со градење паралелно, како во населеното место, така и во Крушево. Крушево го сочинуваат 17 села и градевме од крајните дестинации, патна ионфраструктура секаде. Започна реновирање и санација на 30-тина улици, се посветуваме на главната транзитна улица, која значи промоција, движење и привлекување туристи во нашиот град, додава Христоски.

Целиот разговор со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот