ВИДЕО | Хорор во срцето на Србија – киднапирани Кинезинки снимени како бегаат од „куќата на ужасот“
Тројца кинески државјани се уапсени во Долово кај Панчево под сомнение дека учествувале во киднапирање на две Кинезинки на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Препорачано
Осомничените ги пречекале своите сонароднички на аеродромот, ги одвезле во една куќа во Долово, им ги одзеле пасошите и ги затвориле.
Постојат сомнежи дека подолг период ги силувале. Ужасот бил откриен кога двете жени успеале да избегаат од куќата и побарале помош кај соседите.
„Блиц“ ексклузивно дошол до снимка на која се гледаат преплашените жени како трчаат по улицата и очајно бараат помош.
На видеото од 32 секунди се гледаат двете жени, без јакни, како трчаат низ улица и на кинески јазик нешто извикуваат. Во рацете држеле чекан и секира. Едната од нив едвај се движела, а двете постојано се вртеле зад себе. Чукале на вратите од куќите и повикувале помош.
Соседите биле тие што ги спасиле овие несреќни Кинезинки. Според дознавањата, еден маж им ја отворил вратата и ги затекнал во тотален шок.
– Едната од нив имала и повреди. Тој веднаш ја повикал полицијата, која излегла на лице место. Откако преведувач разговарал со нив, било откриено низ каков ужас минале – вели извор на „Блиц“.
Осомничените живееле во Србија подолго време, со уредни документи и престојни дозволи.
Жените што ги киднапирале пристигнале во Србија пред три дена, слетале на аеродромот, а тие ги пречекале со автомобил. Ги одвеле во куќата во Долово, им ги зеле пасошите и тогаш започнал хоророт – додава истиот извор.
Според информациите, жртвите биле подложени на тешка тортура. Не смееле да ја напуштат куќата, а двајца од осомничените повеќепати ги силувале.
Се огласи обвинителството за случајот
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Панчево, уапсени се Л.X.Г. (40), Ц.Ј.Л. (38) и В.Т. (43), државјани на Народна Република Кина, на кои им е одредено задржување од 48 часа поради учество во киднапирање.
Тие се сомничат дека како соизвршители го извршиле кривичното дело киднапирање на 3 декември 2025 година, кога ги одвезле двете оштетени – државјанки на Кина на возраст од 39 и 36 години – од аеродромот „Никола Тесла“ до куќа во Долово, каде ги затвориле.
Лицата Ц.Ј.Л. и В.Т. дополнително се сомничат и за извршување на кривичното дело силување во истата куќа.
Видеото погледнете го ТУКА.


