ВИДЕО | Хорор на предизборен митинг во Мексико: Најмалку девет мртви откако се урна бината
Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија. Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на Икс, а пренесе Би-Би-Си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога структурата се урна додека неколку луѓе беа на бината. Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.
BREAKING: Stage collapses during a political rally in northeast Mexico. At least four people are dead, and many are injured.pic.twitter.com/lWzzsBXzrO
— Viral News NYC (@ViralNewsNYC) May 23, 2024
Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место во националните анкети. Во објава на Икс, тој изјави дека тој самиот не е повреден, но неколку членови на неговиот тим се повредени.


