Фото: Фејсбук/Женски хор „Братствa и детињствa“

ВИДЕО | Хор од Шведска ја испеа „Скопје“ од „Леб и сол“ на концерт во Стокхолм

Женскиот хор „Братствa и детињствa“, кој е оформен и функционира во Стокхолм, Шведска, на еден од своите концерти ја изведе песната „Скопје“ од македонската рок група „Леб и сол“. Видеото од настапот беше споделено на социјалните мрежи, а изведбата наиде на позитивни реакции.

Хорот е формиран пред неколку години по иницијатива на српската пејачка и композиторка Кристина Ковач, која живее во Шведска. Таа е ќерка на композиторот Корнелије Ковач.

Во ансамблот членуваат 52 лица – 51 жена од различни националности и еден маж. Повеќето членки се на возраст меѓу 40 и 50 години.


„Братствa и детињствa“ досега има реализирано повеќе концерти во Шведска, а во тек се и аудиции за прием на нови членки.

Репертоарот им опфаќа песни од различни жанрови и јазици, вклучително и композиции од музичкото наследство на просторот на поранешна Југославија.

Во едно од своите интервјуа, Ковач откри дека името на хорот го предложил македонскиот новинар Иван Бечковиќ, нејзин долгогодишен пријател и соработник. Називот, според неа, симболизира поврзување на луѓе од различни култури преку музиката.

Влатко Стефановски ја доби престижната награда „Порин“ за посебен придонес во хрватската музика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот