ВИДЕО | Хет-трик на Милик, Јувентус е последниот полуфиналист во Купот на Италија

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Екипата на Јувентус не дозволи изненадување и забележа сигурна победа од 4:0 против Фросиноне во Купот на Италија, предводник на „старата дама“ беше Полјакот Аркадиуш Милик кој постигна хет-трик.

Резултатот беше отворен по само десетина минути игра кога Мирети се избори за пенал, а најстрогата казна ја реализираше Аркадиуш Милик. Продолжи Јувентус да напаѓа, па така по една одлична асистенција од Мекени Милик во 38-та минута го постигна и вториот гол.\

Со предност од 2:0 Јувентус замина на паузата, а веднаш на стартот во вториот дел Милик постигна и трет гол за убедливи 3:0. Конечните 4:0 ги постави младиот турски фудбалер Кенан Јилдиз кој во последниот период прикажува одлични настапи.

Во полуфиналето Јувентус ќе игра против Лацио, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Фиорентина и Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот