ВИДЕО: Халанд има „снајпер“ во нозете, нареди три топки една врз друга и ја „уништи“ метата

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите светски напаѓачи на денешницата/Фото: EPA-EFE/Stian Lysberg Solum

Поради полесна повреда ги пропушти натпреварите на Норвешка, но тоа е веќе минато, и би можел играчот на Борусија Дортмунд да настапи викендов против Мајнц.

Дефинитивно заедно со францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд е еден од најдоминантните напаѓачи на денешницата.

Магијата од тренинг центарот на „милионерите“ може да биде само најава за продолжување на головите на Халанд во Бундеслигата.

Тој инаку нареди три топки една врз друга, во горниот дел од аголот на голот беше поставена мета и истата беше „уништена“ токму со топките кои ги имаше пред себе.

Погледнете на видео записот како сето тоа изгледаше:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот