ВИДЕО | Ѓуровски за нон-пејперот: Обид за факторизација на Јанша како европски Трамп, Македонија мора да реагира поагресивно

Нон-пејперот на словенечниот премиер Јанез Јанша за прекројување на границите на Балканот предизвика низа реакции во регионот и стравувања дека таквата реализација на евентуалните идеи ќе донесе нови војни и крвопролевања.

За универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски зачудува тоа што македонскиот политички блок ниту по ова прашање во кое е јасно загрозен територијалниот интегритет и суверенитет и границите не излегоа со заеднички став и левицата и десницата.

Треба да се има јасен став на политичарите за децидно НЕ за промена на границите. Дали постои или не овој документ? – Треба јасно да биде отворен, бидејќи имаше нејасен одговор од Јанша. Грешките од минатото не треба да се повторуваат и Балканот повторно да служи како издуваен вентил за различните видови на европски идеологии. Преку неформалното формулирање на овој нон-пејпер, па макар и како лажна вест, според мене се прави обид за факторизација на Јанша на сцената на ЕУ и пошироко, гледајќи се себе си во улога на европски Доналд Трамп. Ние не треба сега да се занимаваме со улогата „Да го убиеме лошиот гласник“. Сметам дека треба да одговориме на прашањето чиј гласноговорник во суштина е јанез Јанша во време кога имаме промовирање и на нова европска десница. Дали зад ова во суштина се крие некој како австрискиот канцелар или пак идејата е поголема. Зошто центрите како Берлин и официјален Париз се уште децидно ги немаат отфрлено ваквите идеји кои апсолутно се за осуда и треба јасно да бидат отфрлени и од ЕК, затоа што ваков документ постои во формални или неформални кругови. Со исклучопк на претседателот Пендаровски децидно го кажа македонскиот став, очекувам во наредниот период и поагрисевен него настап и активности во Брисел. Но сметам дека ние од објект, трееба да прераснеме во субјект во регионот и преку јасно и децидно повторување на ставовите за отфрлање на оваа идеја од која Македонија може да биде јасна колатерална штета, затоа што случувањата во БиХ го отворија косовското прашање, а со тоа по автоматизам ќе го отвори и евентуалното преуредување на македонските гранции. Станува збор за земји членки на НАТО и овде го отворам прашањето дали се говори за Балканот како европски дел од Турција, односно дали сака Блаканот да се Балканот да се претвори во граница помеѓу две религии што е исклучително опасна теза и тенденција во 21 век.

Според Ѓуровски решението за конечниот статус на БиХ и косовското прашање е невозможно без новата американска администрација.

-Токму Дејтонска Босна е резултат на оваа администрација во Вашингтон. Оттука сметам дека не е ни време ни место кога ЕУ е најслаба и ранета од внатре, затоа што со овие кинески и руски вакцини, продорот на кинеското и руското влијание на овој дел од Балканот, да се отвараат прашања како БиХ. Овие теми веројатно одговораат на Хрватска, на Србија. Гледате српскиот министер за одбрана имаше зачудувачка изјава каде што велеше дека за него е добро сите Срби да бидат во една држава, Еди Рама не го негираше документот. Значи повампирување на стари идеји, во услови кога имаме потрага по новиот лидер на Германија, ослабена ЕУ, Париз стои понастрана, сметам дека враќањето на американската администрација на Балканот, бајденовата политика која е јасно познато, мислам дека бавно се враќа. И само отворените прашања, БиХ, Косово, билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија реално треба да се решат со директно учество на американската администрација. И токму отпочнатиот дијалог меѓу Вашингтон и Брисел во рамките на северно-атлантската алијанса пребавно се палат тие мотори и Јанша се занел во улогата на европски Трамп, со оглед што го користи овој празен простор, нагласи Ѓуровски.

Целиот разговор и анализа погледнете ја во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот