ВИДЕО | Голем пожар проголта коли на паркингот под Скопското Кале
Пожар, кој се проширил од површините околу паркингот под Калето во Скопје, попладнево зафати повеќе паркирани автомобили, а присебноста на дел од луѓето кои се најдоа таму и брзата интервенција на пожарникарите спречија огнот да уништи повеќе возила на полниот паркинг.
Препорачано
На видеото од пожарот кое го објави новинарката Милка Смилевска, се гледа како тој предизвикал паника кај возачи кои ги паркирале автомобилите таму, кои брзале да ги тргнат своите автомобили.
„Градот Скопје мора да ги ангажира комуналните редари. Пожарите мора да запрат. Секој ден воздухот во Скопје е загаден од неконтролирани огнови“, пишува Смилевска во објава на „Фејсбук“, во исто време заблагодарувајќи им се на скопските пожарникари за ефектната интервенција.
Како што објавија дел од медиумите, огнот зафатил вкупно пет автомобили, од кои два целосно изгореле.
Снимка од пожарот објави и Армијата, информирајќи дека нејзин припадник, професионалниот војник Христијан Божиновски, прв се јавил кај командирот на Воениот стадион и побарал помош со ПП-апарати, а неговата брза реакција помогнала да се спасат другите паркирани коли.
Газда на скопски хотел е брутално претепан од двајца насилници кои ги познава
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
5мин
-
23мин
-
48мин
-
56мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


