ВИДЕО: Го надмудри голманот, комично изведен пенал во Хрватска!

EPA/ADAM CIERESZKO

На натпреварот од втората хрватска лига помеѓу екипите на Кроација и Цибалија се случи еден доста интересен момент.

При резултат 0:1 беше досуден пенал за домаќините кој беше реализиран многу итро, иако протестираа противничките играчи.

Томислав Мркоњиќ ја зеде топката, а додека чекаше судиска дозвола ја врзуваше копачката.

Главниот судија даде знак да се изведе пеналот, Мркоњиќ без многу размислување и без залет ја затресе мрежата.

Голманот дефинитивно ова не го очекуваше, како и неговите тимски колеги кои веднаш реагираа до арбитарот кој само покажа кон центарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот