ВИДЕО | Гледачите на серијата „Куќата на змејот“ шокирани од сцената со инцест: Ова е ново ниво на одвратно
По исклучително успешната прва сезона, втората сезона на серијата на ХБО „Куќата на змејот“ продолжува да ги шокира гледачите. Посебно ги згрози последната емитувана епизода во која беше прикажана експлицитна сцена на инцестуозен сексуален однос, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Станува збор за сцена во која Дејмон, кој го игра актерот Мет Смит, станува интимен со сопствената мајка, Алиса Таргариен, која ја игра Емелин Ламберт, за време на неговата посета на опседнетиот замок Харенхал.
Сонот започнува кога тој и мајка му стојат голи заедно, пред таа да се наведне и романтично да му го бакне челото. Во следниот кадар, тој ја гали по нејзиното рамо и полека ја движи раката по нејзината рака, пред да ја бакне на вратот, додека таа му раскажува за борбата за круната и времето на неговиот брат Висерис како крал.
„Демон, отсекогаш си бил силен. Најдобриот мечувалец. Бестрашен јавач на змејови“, му вели Алиса.
„Твојот брат беше полн со љубов, но му недостигаше твојата конституција. Висерис не беше погоден за круната. Но ти Демон, ти беше создаден да ја носиш. Само да се родеше прв“, продолжува Алиса и додека многумина се прашуваат што ќе се случи и размислувајќи која би можела да биде оваа жена, следната реченица ги запрепасти сите гледачи: „Мојот најмил син“.
Во еден кадар, Дејмон и неговата мајка може да се види како страсно се бакнуваат, а потоа тој и дава орален секс. Сцената завршува со неговата мајка која лежи безживотно во кревет, а Дејмон, кој е оженет со сопствената внука Ренира Таргариен, ги гледа неговите ужасно крвави раце.
Подоцна беше откриено дека оваа халуцинација му била ставена во главата од Алис Риверс, која намерно се меша со него и го тера да има темни визии.
Шокираните гледачи веднаш искоментираа на социјалната мрежа Икс, за да ги споделат своите ставови за сцената што, во најмала рака, ги згрози. Тоа што овој интимен момент мајка-син се случува само во главата на Дејмон не им помогна.
„Дејмон да има секс со сопствената мајка е ново ниво на одвратно… Знам дека Таргариените имаат чудни обичаи… но ова е апсолутно одвратно. Чија е оваа идеја?“; „Дали тој имаше секс со мајка му во главата??? Ова е лудост дури и за „’грата на тронови’“; „Таа сцена на Деjмон и неговата мајка беше многу непотребна“, беа дел од коментарите.
Оваа серија е позната по своите инцестуозни сцени, па Дејмон исто така беше физички активен во првата сезона со неговата многу помлада внука, принцезата Ренира Таргариен, со која на крајот се ожени и парот доби деца.
Серијата е базирана на хитот на Џорџ Р.Р.Мартин од 2018 година, а сценариото го напишаа Мартин и Рајан Кондал. Дејството на серијата се случува речиси 200 години пред акцијата на „Игра на тронови“ и ги открива тајните на семејството Таргариен, поранешните владетели на Седумте кралства на Вестерос.


