ВИДЕО: Ѓоковиќ со еден одговор ги воодушеви и оние кои не го сакаат

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите светски тенисери/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Вниманието на тениските фанови ширум светот е насочено кон Лондон, каде ќе се одржи „Лејвер купот“ каде што „големата четворка“ ќе игра во ист тим, а крајот на професионалната кариера на Рожер Федерер предизвика општ хаос во главниот град на Велика Британија.

Најдобрите тенисери во светот на сите времиња тренираат заедно, се дружат, одат на вечери и уживаат во целост.

Медиумските куќи кои добија право да известуваат од големиот настан добија можност да снимаат интересни изјави, а една од Новак Ѓоковиќ предизвика многу позитивни реакции на социјалните мрежи.

Српскиот ас беше запрашан како би изгледал идеален тенисер составен од карактеристиките на големата четворка: Рожер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ.

– Би ја земал силата на Рафа, физичката и психичката, сервисот и форхендот на Рожер, и одбраната на Енди Мареј и неговиот ритерн. Јас нема да се ставам себе во тој микс, мислам дека таков играч е веќе доста добар – низ насмевка изјави Ѓоковиќ пред камерите на „Еуроспорт“.

ВИДЕО: Најсилниот тренинг на светот – 66 грен слем титули на теренот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот