ВИДЕО: Најсилниот тренинг на светот – 66 грен слем титули на теренот

Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел имаа заеднички тренинг во Лондон/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Легендарниот тениски „квартет“ – Рожер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј одработија заеднички тренинг пред полни трибини.

Заедно освоија 66 Грен слем титули, одиграа 234 меѓусебни мечеви и поминаа 933 дена на врвот на АТП листата.

Во следните три дена во Лондон ќе се одржи „Лејвер купот“ каде најдобрите тенисери во Европа ќе играат против екипи од остатокот од светот.

Во европскиот тим покрај Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј се и Каспер Руд и Стефанос Циципас.

За „Тимот на Светот“ играат Џек Сок, Алекс де Минор, Диего Шварцман, Френсис Тиафо, Феликс Оже-Алијасим и Тејлор Фриц.

„Лејвер куп 2022“

Денеска, сингл:

14.00 часот Руд – Сок
15.30 часот Циципас – Шварцман
20.00 часот Мареј – Де Минор

Двојки:

21.30 часот
Федерер/Надал – Сок/Тиафо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот